Вооружен човек отворил оган пред црква во квартот Менхетен во Њујорк, по што тројца полицајци испукале најмалку 15 куршуми кон него, од кои еден го погодил во главата, соопшти локалниот шеф на полицијата, Дермонт Ши. За среќа, во инцидентот никој не е повреден.
Пред катедралата се одржувал бесплатен Божиќен концерт на еден хор со присуство на повеќе стотини посетители. Присутна новинарка на новинската агенција АФП изјави дека вооружениот човек почнал да пука во моментот кога по завршениот концерт луѓето почнувале да си заминуваат. Тој застанал на скалите пред катедралата, викајќи: „Убијте ме” и почнал да пука.
Почнав едноставно да трчам за да си го спасам животот, изјави новинарката.
Според друг сведок, напаѓачот истрелал осум до десет пати пред самиот да биде убиен. Заднината на делото е нејасна. Полицијата во близина пронашла торба со полн канистер со бензин, јаже и повеќе ножеви.
извор: Дојче веле
Comments are closed for this post.