Полицијата во Ноз Зеланд соопшти дека до сега на семејсвта им предала шест тела на жртви на масакрот од минатиот петок и протоа предупреди дека многу тела уште не се идентификувани.

Полицијата издаде 50 посмртници, „но официјално само 12 тела биле идентификувани“.

„Шест тела од идентификуваните им се предадени на семејствата“, соопшти новозеландската полиција.

Оба пролонгирано идентификување на жртвите предизвика незадоволство од семејствата на убиените затоа што традицијата кај муслиманите налага починатите да се погребаат во рок од 24 часа.

Од друга страна полицијата ја разбира нивната положба, па од тие причини најави дека ќе ја подобри комуникацијата со семејствата на настрадните во масакрот во две џамии во петокот во градот Крајсчерч.