Откако во понеделникот беа дадени завршните зборови, поротата составена од 12 членови, пред да ја донесе конечната одлука, вчера се консултираше четири часа, кога се разгледуваа исказите на 45-те сведоци, влучувајќи ги и случајните минувачи, полицајци, експерти. За пресудата да биде валидна, требаше едногласна потврда од сите членови. 

Според судските протоколи, во составот на поротата се четири бели жени, двајца бели мажи, четворица Афроамериканци – тројца мажи и една жена, и две жени од мешано етничко потекло. Судот вети дека ќе ги чува нивните имиња во тајност се до изрекување на пресудата. 

Шовин, кој се бранеше од слобода, по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше одведен во затвор. Тој се соочува со 12 и пол години затвор, затоа што претходно не е осудуван. Меѓутоа, обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку окружниот судија Питер Кејхил утврди дека имало „отежнувачки околности“

Со обелоденувањето на висината на затворската казна, властите стравуваат од растечка напнатост во повеќе метрополи, каде има зголемени полициски мерки.

Претседателот Џо Бајден телефонски им се јави на роднините на Флојд  и им кажа дека пресудата одбележува „момент на значајна промена“.