Гласачите во Холандија денес почнаа да гласаат на изборите за членови на Европскиот парламент во Брисел и во Стразбур.

Одзивот на гласачите во утринските часови бил под десет проценти, но се очекува тој нагло да порасне за време на паузата за ручек кога Холанѓани одат да гласаат. Иако денес се гласа, резултатите нема да се соопштат пред недела, затоа што ќе се чека на изборните резултатите од другите земји-членки на ЕУ.

На европските избори учествуваат 28 земји, зашто и Обединетото Кралство ги спроведува откако не се постигна договор за излез од Унијата.

Интересно, како што може да се види на фотографијата, во Холандија гласачките кутии се канти за отпад, на што би се коментирало – типично холандски начин на креативност. Пораката е гласовите не ги фрламе, туку ги рециклираме во политиката.

На овие избори се очекуваат резултати кои можат да ја сменат комплетната политичка слика на Европа, односно да се регистрира голем напредок на ултрадесничарските партии и тоа во неколку големи земји како Франција и Италија.

Преку Твитер денес се огласи Антонио Тајани, претседателот на Европскиот парлемнт со порака:„Гласањето никогаш не било толку важно за да се влијае на иднината на нашата генерација и понатаму“.