Рускиот претседател Путин смирува дека не планира окупација на украински територии откако објави дека е почната специјална операција за одбрана на самопроласените народните републики Доњецк и Луганск од „украинската агресија“. Путин рече дека „само“ сака да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ својот сосед.
Рускиот претседател рече дека Москва нема далекусежни планови за преземање на целата територија на Украина.
Тој ги обвини САД и нивните сојузници дека го игнорирале барањето на Русија да ја спречат Украина да влезе во НАТО и да ѝ понудат на Москва безбедносни гаранции.
Украинската војска денеска потврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците.
Comments are closed for this post.