Ахмет Месут Јилмаз, кој беше премиер на Турција во 90-тите години, почина денеска во болница во Истанбул на 73 годишна возраст.

Началникот на болницата „Флоренс Најтингел“ д-р Озгур Самилгил соопшти за смртта на Јилмаз и додаде дека неколку години се борел со рак на белите дробови. На 5. мај Јилмаз имаше операција на мозокот по што лекарите изјавија дека неговата состојба е стабилна.

Јилмаз, поранешен претседател на партијата Татковина, а беше назначен за премиер три пати меѓу 1991 и 1999 година, со вкупен мандат од две години.

Тој е роден на 6. ноември 1947 година, беше женет и имаше две деца, од кое едното почина во 2017 година.

(Извор: Anadolu Agency AA)