Холандскиот премиер Марк Руте најави дека ќе се повлече од политиката по парламентарните избори.
Руте, лидерот на конзервативната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и холандски премиер со најдолг стаж, му ја предаде оставката на својата четиричлена коалиција на кралот Вилем-Александар.
– Вчера наутро донесов одлука дека повеќе нема да бидам лидер на ВВД. Кога новиот кабинет ќе ја преземе функцијата по изборите, ќе ја напуштам политиката, рече тој.
Владејачката коалиција во Холандија се распадна откако тензичните разговори меѓу четирите партии што ја сочинуваа не доведоа до договор за решавање на проблемот со миграцијата.
Comments are closed for this post.