Името на Александар Солоник и ден денска е мистерија во Русија. Тој во својата земја во деведесеттите години беше појава за која сите зборуваа. Тој иако беше од онаа страна на законот ги убиваше мафијашите, особено оние кои земаа од сиромасите.
Солоник е роден во рускиот град Курган во 1960 година. За време на тинејџерските години тој поседува огромна сила заради љубовта кон спортовите и оружјето.
Се приклучува на советската армија, каде стекнува вештини на ладнокрвни убиец во одредот во Источна Германија. Се претпоставува дека главната задача на Солоник била да убива високи офицери на НАТО за време на Студената војна.
„Слава“ во кругот на мафијашите стекнал во 1992 година, кога убил двајца членови на “недопирливата” група во Москва – Валери Длугиќ и Виктор Никифоров.
Во 1997 година бега во Грција и живее во луксузна вила со голф терени заедно со неговата блиска пријателка- Светлана Котова, поранешна Мис на Русија.
Неколку месеци подоцна тие се убиени, но грчката полиција два месеци не успева да ги пронајде нивните тела. Легендата за него продолжува да живее во филмовите и сериите. Некои дури сметаат дека неговата смрт е исценирана и дека тој успеал да избега уште еднаш.
Comments are closed for this post.