Генерал Кертис Скапарати, кој ја предводи Европската команда на САД во извештајот до Конгресот, вели дека влијанието на Русија на Балканот постојано се зголемува во изминатите месеци.
Генералот верува дека силите на САД и НАТО на источната граница на Европа значително ја надминуваат руската армија во наоружување, а таа може брзо да биде поразена ако Москва преземе агресивен напад врз балтички или балкански региони.
„Загрижен сум за Балканот и за зајакнувањето на штетното влијание на Русија во изминатата година“, вели Скапароти.
Според генералот, руските „кампањи за дезинформации и поддршка за маргинални, анти-владини и анти-нато групи во некои балкански земји” се интензивираат во изминатите шест месеци.
Генералот Скапароти смета дека руската влада се обидува да ја искористи таквата тактика за да ја одврати Црна Гора од пристапувањето во НАТО или да го спречи тоа, а истите чекори Русија, исто така, ги презема во Северна Македонија која наскоро ќе се приклучи на НАТО.
Високиот воен претставник објасни дека стабилноста на Балканот е секогаш под закана и додава дека интервенцијата на Русија може да доведе до фактот дека „луѓето ќе изгубат надеж” за желбата за членство во НАТО.
Comments are closed for this post.