Полицијата во Париз приведе 45 лица по вчерашните протести на „жолтите елеци”, јави телевизискиот канал БФМ, повикувајќи се на полициски извори.
Од приведените, во притвор се задржани 42 лица.
Неколку илјади учесници на протестите „жолти елеци” вчера, 13-ти викенд по ред, излегоа на улиците во Париз, некои од нив се судрија со полицијата, а еден демонстрант изгуби дел од раката.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане на социјалната мрежа Твитер објави дека е згрозен од тоа што „Жолтите елеци“ го запалиле военото антитерористичко возило за време на протестите во Париз.
Жолтите елеци вчера го запалија возилото пред Ајфеловата кула.
„Секој ден војска ги штити нашите сонародници од ризик од тероризам. Ваквите напади се недозволиви“, напиша Кастане.
Comments are closed for this post.