Папата Франциск порача дека Католичката црква мора да признае дека низ историјата ја промовирала машката доминација во своите редови и ја прикривала сексуалната злоупотреба на жените и децата, како и да го поправи својот углед, особено меѓу младите.

Папата објави Апостолска ексхортација, документ од 50 страници кој е негов извештај од Бискупскиот синод за младите, што се одржа лани во октомври.

Живата црква може да ја разгледа својата историја и да признае голем дел од машкиот авторитаризам и доминација и разните форми на поробување, злоставување и сексистичко насилство. Свесна за ова, Црквата може да се приклучи на повиците за почитување на човековите права и да понуди поголем реципроцитет меѓу мажите и жените, иако нема да се согласи со сè што некои феминистички групи предлагаат“, пишува папата во документот насловен „Христос живее“, алиудирајќи на некои барања и жени да можат да бидат свештеници во Католичката црква.

Минатиот месец сите жени вработени во месечникот посветен на женски прашања во Ватикан, поднесоа оставка, тврдејќи дека новиот машки уредник сака да им ја ограничи нивната автономија и да ги стави под „својата машка контрола“.

Списанието претходно објави серија приказни за тоа како свештениците сексуално ги злоупотребувале милосрдните сестри и ги третирале како слугинки.

Папата Франциск признава дека Црквата мора повторно да ги „освои“ младите луѓе, кои ја сметаат за неважна во својот живот. Со оглед на скандалите, кои ја погодија, папата признава дека тоа незадоволство не е без причина.

Тој им порача на младите дека огромно мнозинство од свештениците сепак останале верни на нивниот повик. А на нив им рекол дека младите луѓе можат да ги привлечат подобро со објаснување на црковната доктрина и да престанат опсесивно да се занимаваат со мал број теми.

Црква, која секогаш е во дефанзива, која ја го загуби трпението и престана да ги слуша другите, која не дозволува прашања, таквата Црква ја губи својата младоста и се претвора во музеј“, порача папата Франциск.