Писателот Пауло Коелјо, еден од најчитаните автори во светот, авторот на „Алхемичарот“ се огласи по низата скандали кои ги предизвика претседателот на Бразил, како и по повод катаклизмичните пожари во Амазон.

Во време кога Амазон е во пламен, тие немаат никакви аргументи и се што прават е навреда, одбиваат, кажуваат што им е на ум да избегнат да преземат одговорност“, додаде авторот, зборувајќи за бразилските лидери.

Во видео порака преку Твитер Коелјо на француски јазик рече: „Се извинувам, илјадапати се извинувам. Им се извинувам на моите француски пријатели по нападите и отсуствотото на дипломатски изјави по нападите врз Франција, нејзиниот претседател Макрон и неговата сопруга Брижит од страна на претседателот на Бразил Болсанару и неговата антифранцуска хистерија“.

&


;

На самитот на Г7 во Бијариц, се случи конфликт помеѓу Болсонару и неговиот француски колега околу пожарите во Амазон. Заврши во една од најсериозните дипломатски кризи меѓу двете држави.

Ова е мрачно време во Бразил, ќе помине преку ноќ (…) јас се извинувам“, додаде авторот.