Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц загуби на гласањето доверба во парламентот по обвинувањата за корупција во врска со неговиот сега веќе бивш вицеканцелар.

Барањето за недоверба на владата го поддржаа пратениците на Социјалдемократите и Дeсничарската слободарска партија, која беше во коалиција со Курц до пред една седмица..

Австриската владејачка коалиција меѓу конзервативната народна партија (ОВП) на Курц и десничарската партија на слободата (ФПО) беше потресена од скандал на 17 мај.

Тогаш германските медиуми објавија видеоснимка на која вицеканцеларот и лидер на ФПО, Хајнц-Кристијан Штрахе, бара поткуп од жена што наводно е внука на руски тајкун.

Со денешното изгласување на недоверба канцеларот Курц влезе во историјата на Австрија како канцелар кој минал најкратко време на оваа должност, минувајќи го досегашниот рекордер Кристијан Керн за  55 денови.

За Курц денешниот ден беше 525 како шеф на владата. Досега тој рекорд го држеше Керн кој како канцелар мина 580 денови.