Мануел Фабијан, воен известувач на Тајмс од Израел, објави најнова снимка од Израелските одбрамбени сили.

Тој во пост на социјалната мрежа X, навел дека 14 Оклопна резервна бригада зазела клучна предстража на Хамас во северниот дел на Појасот Газа.

Се наведува дека ова е упориште на палестинските екстремисти, кое е познато како предстража на Палестина, а Хамас го користел за обука додека се подготвувала за напад на Израел.

Иако било маскирано како обична сала за тренинг, терористите од оваа престража тргнувале во извршување на терористичките активности, наведено е во соопштението на ИДФ.


Во него се наведува дека припадниците на 14 бригада, со поддршка на воздушните сили и артилерија, воделе битки со Хамас за контрола на оваа предстража.