Се чини дека мистеријата кога и каде починал водачот на нацистичка Германија полека се разоткрива. Иако официјалните историски документи велат дека тој и неговата љубовница Ева Браун извршиле самоубиство во Берлин, тоа се чини не е точно.
Историчарот Абел Басти во својата најнова книга која е објавена во Аргентина наречена „Хитлер во прогонство“ тврди дека Фирерот долги години живеел во Јужна Америка и починал од природна смрт во раните седумдесети во Парагвај.
Богати фамилии кои му помагаа во текот на животот беа задолжени и на неговиот погреб. Хитлер е погребан во подземен бункер кој сега е елегантен хотел во градот Асунсион. Влезот во бункерот во 1973 бил запечатен-тврди писателот во книгата.
Comments are closed for this post.