Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Европа може премногу доцна да сфати дека прави грешка кога се обидува да го спаси договорот со Иран за неговата нуклеарна програма.
Веројатно во Европа има луѓе кои ќе се разбудат дури откако ирански нуклеарни ракети ќе паднат на европска територија, ама тогаш ќе биде многу доцна, тврди Нетанјаху во видео снимка објавена на Твитер.
כנראה שיש כאלה באירופה שלא יתעוררו עד שיפלו על אדמת אירופה טילים גרעיניים איראניים. אז זה כבר יהיה מאוחר מדיי. אנחנו בכל מקרה נעשה הכל כדי למנוע מאיראן נשק גרעיני. pic.twitter.com/HDEfE88PS1
— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) July 15, 2019
Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ се состанаа во Брисел, со цел да се обидат да направат се што е можно да го спасат договорот од 2015 година.
Договорот се наоѓа во тежок период, но се уште не е дојден крајниот момент – изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и го повика Иран да ги почитува обврските од него.
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, пак, истакна дека договорот „се уште не е мртов“ и ЕУ сака да му даде можност на Иран да се откаже од намерите кои се спротивни на неговите обврски од договорот.
Comments are closed for this post.