Не можам да дишам”, се последните зборови кои ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен. Американскиот медиум се повикува на извор близок до истрагата за убиството на саудискиот новинар.
Изворот кој го читал преведениот транскрипт од аудиоснимката, вели дека е сосема јасно дека убиството кое се случило на втори октомври било планирано.
За време на вознемирувачките и мачни моменти во саудискиот конзулат во Истанбул, Кашоги, вели изворот, се борел за живот.
„Не можам да дишам”, рекол тој. „Не можам да дишам”, повторил тој. „Не можам да дишам”, рекол Кашоги по трет пат, и според зборовите на изворот на Си-ен-ен, тоа било и последен пат.
Во транскриптот исто така е забележан звукот на пилата, како и музиката која ја пуштиле убијците за да го прикријат звукот додека го сечеле телото на убиениот новинар, пишува Си-ен-ен.
Кашоги работеше како дописник на „Вашингтон пост“, тој беше критичар на саудиската власт. На 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул по документи за неговата свадба, но никогаш не излезе оттаму. И по скоро два месеци, истрагата се уште е во тек, а телото на новинарот не е пронајдено.
Comments are closed for this post.