Нов случај на учителка која била во недозволен однос со малолетен ученик ги полни весниците во САД. Станува збор за случка во Кентаки во која е инволвирана наставничката Хејли Рид (37), која е уапсена заради недозволена љубовна врска со 17-годишен ученик.
Според медиумите, 37-годишната наставничка, инаку мајка на две деца, била уапсена и признала дека имала секс со ученикот осум пати во просториите на училиштето.
Таа е пуштена да се брани од слобода со кауција од 25.000 долари и со забрана да контактира со малолетници. Нејзе дури и е забрането да ги носи и своите деца на школски активности.
Comments are closed for this post.