Француската полиција уапсила човек, којшто со ножици повредил двајца минувачи во централниот дел од Париз. Инцидентот се случил улицата Рокет во северниот дел од плоштадот Бастилја. Напаѓачот со ножиците прободел еден поштар во вратот, по што нападнал уште еден случаен минувач.

Полициските сили реагирале многу брзо со оглед на тоа што на само стотина метри од местото на нападот има полициска станица. Тие морале да употребат електрошок за да го совладаат напаѓачот пред да го уапсат.

Овој инцидент е втор во истото деноноќие, откако еден 30-годишен Авганистанец со нож повреди седум луѓе во близина на Канал де Лурк, што исто така се наоѓа во близина на плоштадот Бастија.