Најмалку 16 лица биле убиени во градот Бени во источниот дел на Демократска Република Конго при напад. Овој напад, се претпоставува дека е дело на бунтовниците од организацијата „Обединети сили за одбрана” (Allied Defense Force), пренесува БТА.
Според лекар од локалната болница, од 16 убиени луѓе,12 биле цивили, а останатите четворица, војници или бунтовници. Во нападот се повредени уште осум други лица, а петмина од нив се цивили, додал истиот извор.
Comments are closed for this post.