Лидерот на британската партија Брегзит, Најџел Фараж денес имаше непријатност додека се шеташе во центарот на Њукасл – беше испрскан со милк шејк.
Фараж, кој инаку убедливо води во анкетите за европските избори, збесна заради инцидентот кој се случи иако тој беше во придружба на неколку телохранители.
Веднаш откако лицето го потури Фараж со милк шејк, полицијата го приведе. Станува збор за 32-годишен маж.
Фараж многу се налути и веднаш го прашува обезбедувањето како било можно да се случи таков инцидент.
Во првата реакција на Твитер тој ги критикуваше поддржувачите за Британија да остане во ЕУ и истакна дека „за несреќа некои од нив се радикализриале до таков степен што не е можно да се води нормална кампања“.
Comments are closed for this post.