Европскиот парламент започна истрага против британскиот европратеник Најџел Фараж заради сомневања дека не пријавил близу половина милион фунти во форма на подароци, соопшти „Политико“.

Портпарл на Европарламентот изјави дека претседателот Антонио Тајани побарал од петчлениот консултативен комитет, кој го контролира почитувањето на кодексот на однесување на институцијата, да оцени дали Фараж ги нарушил правилата.

Британскиот ТВ канал „Фор њуз програм“ минатата недела објави дека Фараж добил подароци во вредност од 450.000 фунти од осигурителниот магнат Арон Бенкс, коосновач на групата „Да ја напуштиме ЕУ“. Финансиската поддршка на Фараж вклучувала автомобил со возачм патувања во САД и луксузна куќа во богатата четврт Челзи.

Самиот Фараж изјави дека тоа е лично прашање и оти подароците не ги декларирал пред Европарламентот, зашто планирал да ја напушти политиката и да започне нов живот во САД.