Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри Ланка остана без три од своите четири деца. Како што објави Дејли Мејл, семејството било на одмор кога се случил крвавиот пир, а три од четирите деца на милијардерот ги изгубиле своите животи.
Сведок по име Киеран Арасаратман за БиБиСи изјавил дека „Видел Данкиња која ги загубила трите деца“ во бомбашкиот напад на хотелот Шангрил во Шри Ланка, која извикувала „Молете се за мене, молете се за мене“, изјавил сведокот.
Повлсен е еден од побогатите луѓе во светот , а е сопственик на „Бестселер“, како и најголем акционер на онлајн продавницата „АСОС“ , како и на германската „Зеландо“. Воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.
Според Форбс богатството му е проценето на 7,9 милијарди американски долари.
Comments are closed for this post.