Началникот на генералштабот на армијата на Етиопија, генерал Сиар Меконон и неговиот советник Гизе Абера се убиени при вчерашниот обид за воен удар во сојузната држава Амахара, изјави етиопискиот премиер Абиј Ахмед.
Државната телевизија на Етиопија објави дека зад обидот за пуч стои генералот Асамнев Циге.
Според премиерот Ахмед, претставниците на регионалната Влада биле на состанок кога се случил обидот за воен удар.
Неколку луѓе се убиени, додека други се повредени. Меконон беше убиен од негови блиски луѓе – истакна Ахмед.
Амахара е една од деветте регионални држави во Етиопија.
Comments are closed for this post.