Суд во Франција денеска го отфрли барањето на поранешниот претседател Никола Саркози да не му се суди за наводно незаконско финансирање на неговата неуспешна кампања за претседателските избори во 2012 година.

Одлуката на судот значи дека случајот е вратен на обвинителите кои ќе решат дали да покренат случај против Саркози, кој ги негира обвиненијата.

Во центарот на случајот се наводите дека неговата политичка партија, тогашната УМП, соработувала со ПР фирмата Бигмалион за да ги прикрие вистинските трошоци за неговата кандидатура за претседател.

Во Франција постојат строги ограничувања на трошоците за кампањата