Во германскиот град Штралсунд се случи грешка на почетокот на имунизацијата против коронавирус, при што осуммина негуватели беа вакцинирани со петкратна доза од вакцината.

Половина од погодените, според германскиот дневен весник „Билд“, меѓу кои седум жени и еден маж, имале симптоми на грип по вакцинирањето.

Според властите во округот Форпомерн-Риген, четири вакцинирани лица поднеле барање за хоспитализација заради следење на развојот на ситуацијата.Откако биле вакцинирани во неделата, тие развиле групни симптоми.

Во соопштението на локалните власти се посочува дека производителот на вакцини Бионтек информирал дека во првата фаза од студијата биле тестирани поголеми дози без поголеми последици.

При подготовката на инјекцијата, надлежниот лекар очигледно ги превидел информациите на пакувањето.

„Станува збор за шишенце со повеќе дози, чија содржина треба да се раствори“, се вели во соопштението на Бионтек