И ѕидовите имаат уши-за ова  предупредување од времето на комунизмот/социјализмот учат посетителите  на новотворениот Музеј на КГБ во Њујорк.„Бугарскиот чадор“, „бубачките“ во телефонските слушалки и специјална столица за испрашување се дел од вкупно 5.000 експонати, собрани од литванскиот емигрант Јулиус Урбајтис о период од 30 години, пишува „Њујорк тајмс“.

Музејот се отвора во време кога руските служби се во фокусот како на медиумите, заради процесот против Марија Бутина и труењето во Солсбери, така и на попкултурата, поради серијалот „Американците“ кој е добитник на  „Златен глобус“, а раскажува  за семеен пар, кој од Вашингтон шпионирал во полза на СССР.

Посетителите на музејот можат да видат униформа и работно место на офицер на КГБ-документи, печати, столна ламба, чаша за чај…А, исто така, и оружје и уреди за прислушување и следење. Изложени се вкупно 5.000 експонати-избор од агитциони плакати, па дури и оригинална врата од затворска келија, кои раскажуваат многу факти за животот на луѓето во Советскиот сојуз под лупата на тајните служби.

Цената на влезницата за музејот чини 25 долари. Претходно, во Литванија, семејството Урбајтис отворило музеј во противатомски бункер.