Едно 11-годишно момче од Бруклин починало поради силна алериска реакција откако вдишало пареа од риба што се подготвувала во неговиот дом.

Камрон Жан-Пјер, кој имал позната алергија на риба, се онесвестил во неговиот дом за време на подготвувањето на вечера, по што неговиот татко повикал брза помош. Момчето било веднаш префрлено во болница, каде што починало.

Иако семејството на Камрон се сомнева дека станува збор за алергиска реракција, официјални лице не ја потврдуваат причината за смртта.

Како што соопштија од Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија, вообичаено, луѓето добиваат алергиска реакција откако ќе изедат риба, но возможно е тоа да се случи и доколку ја вдишат.

Храната што соди протеини кои се стабилни при готвењето може да се најдат во воздухот за време на греењето. Доколкту притоа ги вдише некој со тешка алергија на таков вид храна, тоа може да предизвика алергиски симптоми – изјави Стејси Галовиц, алерголог од агенцијата „Сомерсет“.

Алергиите на риба се честа причина за анафилаксис, потенцијално животио загрозувачка алергиска реакција, којашто се појавува брзо, го оневозможува дишењето на човекот и може да предизвика шок. Луѓето што се алергични на риба може да почувствуваат широк спектер симптоми во зависност од сериозноста на алергијата, како што се исфрлање на кожата, несоница, стомачни грчеви, проблеми со варењето, нагон за повраќање, кивавица, главоболка, астма и друго.