Британскиот милјардер Ричард Брансон планира да организира добротворен концерт во Колумбија за подигање на „глобалната свест“ за кризата во Венецуела. Самопрогласениот претседател Хуан Гваидо и политичкиот дисидент Леополд Лопез побарале од Брансон да организира таков концерт, изјави сопственикот на Вирџин рекордс.
The humanitarian crisis in Venezuela worsens every day. Join Venezuela Aid Live, support the cause to help the country’s suffering people https://t.co/0ARSI1GpBk pic.twitter.com/IIg8sxGlGh
— Richard Branson (@richardbranson) February 15, 2019
Концертот би требало да биде одржан на 22 февруари во пограничниот град Какута во кој се собира хуманитарна помош за Венецуела од колумбиската страна на границата, за која Николас Мадуро забрани преминување.
Претходно, минатата недела Гуаидо изјави дека на 23 февруари ќе одобри влез на помош во земјата.
„Наша цел е да собереме 100 милиони долари за 60 дена и да ги отвориме границите на државата со што би се создале услови хуманитарната помош да пристигне до милиони на кои им е потребна, рече Брансон
Тој додава дека со фантастичен избор на меѓународни и регионални уметници, концертот ќе биде пренесуван насекаде во светот
Венесиела е во економска и политичка криза која резултира со галопирачка инфлација и недостаток на лекови и храна. Повеќе од 2,3 милиони луѓе ја имаат напуштено земјата од 2014, а само во соседна Колумбија има скоро еден милион.
Comments are closed for this post.