Германската канцеларка, Ангела Меркел, во говор пред Европскиот Парламент во Стразбур, ја даде својата поддршка за создавање европска армија. Меркел изјави деја Европската Унија мора што побрзо да формира вистинска европска армија и Совет за безбедност на ЕУ. Таа објасни дека ЕУ не може да ги одбрани своите интереси во светот, ако не зајакне економски и технолошки
Она што треба навистина да го направиме е да работиме на визија за создавање вистинска европска армија еден ден, изјави Меркел на пленарната седница на ЕП предизвикувајќи овации, но и извици на негодување.
Германската канцеларка во својот говор додаде дека создавањето европска армија не е во спротивност со соработката со НАТО.
Не велам ништо против НАТО, ние можеме да бидеме добар додаток за НАТО, можеме да соработуваме со НАТО со европска армија – изјави Меркел
Прашањето за создавање европска војска предизвика тензии помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп изрази незадоволство со оваа идеја нарекувајќи ја „навредлива“, бидејќи Вашингтон смета дека земјите од Европската Унија треба да се посветат на зголемување на своите придонеси за НАТО. Слична критика пристигна и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот од Берлин.
Comments are closed for this post.