Германската канцеларка Ангела Меркел денеска и официјално ја отвори новата централа на Централната разузнавачка управа (БНД-надворешно разузнавање) во Берлин, речиси 11 години по поставувањето на темелите, јави ДПА.
Со преместувањето во новиот комплекс на школата за разузнавачи во текот на јануари, како и со преместувањето на структурите на БНД, кои досега беа сместени во Пулах крај Минхен и на други места, во пракса беше завршен процесот на целосно преместување на БНД во неговата нова модерна централа во Берлин.
Сега, во новата огромна зграда на БНД, што се наоѓа во централниот дл на главниот германски град, ќе работат околу 4.000 од вкупно 6.500 вработени во разузнавањето. За вработените во БНД, на кои во Германија традиционално се гледа многу критично, и на неговиот раководител Бруно Кал, отворањето на објектот од страна на Меркел е важен знак за добиено признание.
Со преместувањето на централата од претходното изолирано место во предградието на баварската престолнина во срцето на федералната престолнина се сменија многу нешта. Бројот на истрагите на службата е зголемен, како и брифинзите за политичарите и за владините претставници.
Наспроти се, БНД се уште е далеку од завршувањето со промените, што има намера да ги направи. Службата треба да работи со уште поголемо темпо, почнувајќи од чисто аналитичката дејност, па до тактичките операции, велат извори одговорни за работата на БНД. Колку и да е значајно да се прават проценки за терористичките организации, уште поважно е да се соопшти дали некој има намера да изврши напади, додаваат тие.
Според зборовите на Меркел, по падаот на Железната завеса и крајот на Студената војна, службата извршила успешен преод. Со оглед на кризата во светот, таа изрази уверување „дека Германија повеќе од кога и да било има потреба од силно и ефикасно надворешно разузнавање“.
Comments are closed for this post.