Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро.
Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.
Таа додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“.
Меркел завчера за време на церемонија во Берлин трепереше и изгледаше како да не и е добро. Слична сцена се случи и пред 12 дена за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Comments are closed for this post.