Три лица загинаа, а најмалку 16 се повредени во денешниот напад со нож на една железничка станица во Токио, Јапонија. Настанот предизвика реакција и од премиерот Шинзо Абе, кој изрази шокираност, пред се затоа што поголемиот број од настраданите биле ученици.

Жртви на напаѓачот, кој со себе носел два ножа, биле едно 12-годишно девојче, маж на возраст од 30 години, како и напаѓачот (50) кој се самоубил. Во болница се префрлени 16 лица, повеќето ученици во основното училиште Каритас.

Сите Американци се на страната на јапонскиот народ и се молат за жртвите и за нивните семејства“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, на крајот на неговата посета на Јапонија.