Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе престојува во еднодневна посета на Виена, каде што ќе разговара со австрискиот канцелар Себастијан Курц за борбата против тероризмот, објави австриската влада, додавајќи дека тие ќе разговараат и за заштитата на надворешните граници на Европа и Турција.
Минатата недела, австрискиот канцелар ја повика Европската унија, по нападот во Виена, да се бори против „политичкиот исламизам“, идеологија што претставува опасност за „европскиот модел на живот“.
Comments are closed for this post.