Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон придолжила да паѓа и во септември, покажува една анкета објавена денес.
Само 29 отсто од анкетираните рекле дека се задоволни од работата на Макрон, што е пад за цели пет проценти споредено со претходниот месец, и дури десет проценти од пред два месеци, покажала анкетата на Ифоп направена за весникот „Журнал де манше“.
Падот на популарноста на францускиот претседател е измерена во сите спроведени анкети.
Поранешниот банкар беше избран во 2017 со поддршка од 66,1 отсто од гласовите и со реформска програма која има за цел да ја модернизира Франција. Како и да е, многу гласачи од сите средини се жалат дека од неговите политики главно корист имаат компаниите и богатите.
Comments are closed for this post.