Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека челниците на Европската унија отфрлиле тројца водечки кандидати за претседател на извршното тело на Унијата, Европската комисија.
Во изјава по денешниот самит на ЕУ, Макрон изјави дека е „истакнато оти ќе биде невозможно тие тројца кандидати да се задржат“.
Кандидатот на десниот центар, Манфред Вебер од Германија, Холанѓанецот Франс Тимерманс од левиот центар и либералната кандидатка која се залага за слободен пазар Маргрет Вестагер од Данска, се сметаат за најголеми фаворити за претседател на Европската комисија и наследник на Жан Клод Јункер.
Нив тројца ги поддржа Европскиот парламент, но Макрон е против системот кој ги фаворизира и сака други имиња во Комисијата, која предлага и спроведува закони на ЕУ.
Макрон рече дека разговорите меѓу челниците на ЕУ се во тек „за да се обезбеди да се појават други имиња“. Челниците повторно ќе се состанат на 30 јуни за да ги финализираат преговорите за именување функционери на клучните позиции во ЕУ
Comments are closed for this post.