Џеси Паола Ромеро (32) го држеше во прегратките својот десетгодишен син, а потоа таа скокна од мост висок 100 метри. Двајцата загинаа на самото место.

Несреќата се случи пред очите на спасувачите кои не успеаја да ја спречат жената во намерата. Шокантното самоубиство се случи на мостот Ла варианте во градот Толима, во централно западниот дел на Колумбија.

Жената, идентификувана како 32-годишнaта Џеси Паола Морено Круз, го држеше својот син Меј Себалос на работ на мостот заканувајќи с дека че скокне, додека спасувачите ја молеа да не го направи тоа..

Но, таа ги игнорирала нивните повици и скокна од 100 метри високиот мост убивајќи се и двајцата на самото место.

Локалните медиуми објавија дека Џеси Паола имала финансиски проблеми и неодамна била избркана од домот.

Градоначалникот Гулермо Алфонсо Јарамило за локалните медиуми ијави:„Инцидентот е поврзан со очајната ситуација со која сме соочени во Ибагуе и низ цела Колумбија“.