Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на средба со претседателот Доналд Трамп пристигна со неговиот специјален воз. Наречен е „зелена комозиција“ и е вистински луксуз на шини.
Има 21 вагон, кожни столици, десетина спални соби. Поседува и сателитски телефон.Доколку реши да излезе од возот, Ким има на располагање и Мерцедес возило.
Патувањето со возови им е семејна традиција на семејството Ун бидејќи со него патувале и таткото и дедото на Ким.
Ким во Донг Данг ќе пристигне со воз, а потоа до Ханој ќе патува со автомобил.
Самитот во Ханој е прва средба помеѓу Трамп и Ким по „историската средба“ во Сингапур пред осум месеци, на која двајцата лидери ветија дека ќе работат за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Comments are closed for this post.