Откако Израел и Хамас беа на раб на посериозен вооружен конфликт, постигнато е примирје заради кое израелскиот министер за одбрана поднесе оставка. Тој потег е сериозен удар за премиерот Бенџамин Нетанјаху и лесно може да се случат предвремени избори.
Авигдор Лиебрман, министерот за одбрана и лидер на партијата „Израел Бејтену“ не сака да даде поддршка на примирјето со Хамас. Тој притоа повика и на нови избори.
Примирјето кое Нетанјаху го постигна со Хамас со цел да се избегне војна во Газа, Либерман го нарече „капитулација пред теророт“.
По напуштањето на неговата партија на Кнесетот (парламентот) Нетанјаху има мнозинство од само еден глас – вкупно 61 пратеник од 120. Сега коалициската партнерка Нафтали Бенет го бара ресорот на Либерман и се закани дека ако не го добие и таа излегува од владата.
Затоа се смета дека примирјето со Хамас на Нетанјаху му било потребно за да добие во време и да се подготви подобро за изборите.
Од друга страна, пак, Хамас слави и порачува дека оставката на Либерман е признание дека воено биле поразени во изминативе неколку денови на борби.
Comments are closed for this post.