Раја ал Хасан е новата министерка за внатрешни работи на Либан и воедно прва жена на чело на тој ресор во некоја арапска држава. Таа ќе биде една од четирите жени во новата владејачка коалиција во Либан, со што се отвораат врати за учество на жени во политичката сцена каде доминираат мажи.
„Ова е момент за гордост за сите жени и луѓе кои веруваат во нивните способности, изјави Хасан.
Иако Хасан веќе извршуивала високи функции нејзиното именување на чело на тој ресор се смета за чекор напред за жени во либанската политика.
فخور بهذه اللحظة 🇱🇧 pic.twitter.com/atNS51eYZ3
— Saad Hariri (@saadhariri) February 6, 2019
Останатите три жени во 30-члената валда се на раководни функции во енергетиката, административен развој и економски потенцијали.
Comments are closed for this post.