Со избивањето на корона вирусот насекаде можат да се забележат луѓе со медицински ракавици. Тие ги носат дома, на работа, додека готват или ги шетаат милениците.
Но, докторите велат дека тие се вистинска измама и дека на нив се собираат голем број на бактерии кои лесно се лепат во или на нашето тело кога ги вадиме или ставиме. Лекарите советуваат дека е далеку подобро често да ги миеме рацете отколку да носиме ракавици.
Престанете да носите медицински ракавици во јавност. Хигенски тоа е свињарија од големи размери-смета докторот Марк Ханефелд.
На ист став е и пулмологот Јенс Мејуз.
Не само што не нудат заштита туку се и контрапродуктивни. За кратко време ракавицата за еднократна употреба ќе собере повеќе бактерии и вируси на рацете од неизмиена рака- смета Мејуз
Comments are closed for this post.