Со одлука на лидерите на политичките групи и на претседателот на Европскиот парламент, Романката Лаура Ковеши  конечно е  одобрена како прва јавна обвинителка на Европската унија, пренесува БНТ.

Со тоа, официјално започнува нејзиниот седумгодишен мандат. Пред неколку дена, Советот на Европската унија донесе позитивна одлука за апликацијата на Ковеши.

Новосоздаденото европско  јавно обвинителство ќе биде со седиште во Луксембург и треба да започне со работа до крајот на следната година. Тоа ќе  гони за кривични дела против европскиот буџет, како што се злоупотреба, корупција или прекугранична измама за ДДВ.

Меѓу 22-те основачки земји е Бугарија, другите пет земји-членки можат да се приклучат кога ќе одлучат.