Британската опозициска Лабуристичка партија ги повика пратениците од владејачката Конзервативна партија што не се согласуваат со официјалната политика на државата да помогнат да се спречи Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор. Како начин да се постигне такво нешто, лабуристите повикуваат на соборување на владата на премиерот Борис Џонсон и формирање нова, преодна предводена од нејзиниот лидер Џeреми Корбин.
Џонсон вети дека Велика Британија ќе замине од ЕУ со или без договор на 31 октомври, за што многу конзервативци исто така се против.
Во писмото до лидерите на опозициската партија и високи конзервативни функционери, Корбин изрази спротивставување на брегзит без договор, посочувајќи дека временски ограничена влада ќе го одложи брегзит и ќе одржи избори. Корбин додаде дека лабуристите во предизборната кампања ќе се залагаат за нов референдум, вклучувајќи ја и можноста да се остане во ЕУ.
Оваа влада нема мандат за брегзит без договор и таков термин дури и не даде референдумот во 2016 година“ – потенцира Корбин, објавувајќи дека ќе се залага за гласање недоверба на владата во првата прилика кога ќе биде можно.
Comments are closed for this post.