Кралицата Елизабета испрати шифрирана порака за Брегзит до поделената британска политичка елита, повикувајќи ги пратениците да најдат заеднички јазик и да ја согледаат пошироката слика како би ја решиле кризата.

Елизабета конкретно не го спомена Брегзит, во годишното обраќање на Женскиот институт во Норфолк, туку истакна дека секоја генерација се соочува со „нови предизвици и можности“.

„И додека бараме одговори на предизвиците на модерното време, ја сум за решавањето на искушенијата да разговараме, да ги почитуваме различните ставови, да бараме заеднички јазик и никогаш од видот да не ја испуштиме пошироката слика“, рече Кралицата.

Индиректно, Елизабета ја пренесе својата порака и нејзината изјава е сигнал за политичарите да ја решат кризата која земјата ја донесе до раб на поделеност.

„Таа е монарх која златните стандарди ги поставува веќе 67 години, но ова е посебно оетлив момент. Мислам дека е важно тоа што го кажа и како го кажа“, изјавил истричарот Петер Хенеси.

Бекингемската палата не сакаше да го коментира значењето на изјавата на кралицата. На насловната страна на Тајмс пишува: „Кралицата им порача на политичарите: Престанете да се расправате околу Брегзит“.

Како шеф на државата кралицата мора да биде неутрална во јавност и не смее да гласа. На референдумот за независноста на Шкотска во 2014 на гласачите на суптилен начин им порача добро да размислат за својата инднина.