Новата десничарска администрација на шпанскиот град Кордоба одлучи да ги врати имињата на улиците од времето на фашизмот, соопштија градските власти, пренесува Ројтерс.
Конзервативната Народна партија, која владее со Кордоба заедно со Либералната партија на граѓаните, соопшти дека сака да ги обнови „популарните имиња на улиците кои претходната администрација ги смени минатата година“.
Од група активисти и жртви на диктатурата, таканаречените „Платформа комисија за вистина“ изјавија дека ќе спротистават на одлуката на властите на Кордоба, која ја сметаат за нелегална, бидејќи, како што велат, го оспорува законот од 2007 година со кој е наредено симболите од владеењето на генералот Франциск Франко да бидат отстранети од јавноста.
Ројтерс наведува дека и по четири децении од смртта на генералот Франко неговото наследство претставува извор на длабоки поделби во шпанското општество.
Comments are closed for this post.