Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел е кандидатка за заменикчка-генерален секретар на НАТО, дознава „Клуб Z.бг. Таа е без работа откако ја напушти ротирачката фунција во бугарското МНР како резултат на неможноста да состават влада речиси три години.

45-годишната Габриел е позната по своите антимакедонски ставови и негативниот став кон Македонците.

Најпозната е нејзината изјава дека уставните измени нема да бидат последно барање од Бугарија кон Македонија.

 

 Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја-членка и како такви со нашите барања до Република Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел. Доколку Република Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум-говореше Габриел додека беше министер.

На први октовмри пак на чело на НАТО ќе застане поранешниот холандски премиер Марк Руте.Тој му е пријател на поранешниот премиер на „Cеверна“ Зоран Заев.

Руте лично дојде во Скопје во ноември 2021 година да ја спаси владата на Заев, која веќе беше на издишување и имаше обезбедено мнозинство за нејзино паѓање.