Најмладиот африкански милијардер, Мохамед Дуџи, е киднапиран во главниот град на Танзанија, Дар ес Салам. Дуџи, бил киднапиран од фитнес центар, пред да тргне на работа, од двајца бели маскирани мажи, кои пукале во воздух и побегнале со автомобил.

Поради киднапирањето на 43-годишниот Дуџи засилени се безбедносните мерки на сите гранични премини и аеродроми, со цел да се спречи киднаперите да ја напуштат Танзанија.

Форбс во 2016 година богатството на Дуџи го процени на 1,5 милијарди долари.