Хонг Конг последниве недели е центар на масовни протести и нереди. Почна со фрлање на кинеското знаме а потоа продолжи со нереди по улиците.
Кинеските медиуми пишуваат дека зад сето тоа стои српската организација Канвас, која е специјализирана да прави нереди ширум светот, пренесува „Ало.рс“.
Нејзин водач е Срѓа Поповиќ, кој за прв пат ги организираше протестите против Милошевиќ под името „Отпор“, за потоа под истото сценарио да продолжи во многу држави од Блискиот исток, Африка, но и од регионот.
Полното име на „Канвас“ е центар за ненасилна акција и стратешка обука“ и има за цел да ги научи опозициите во конкретните земји како да се однесуваат на протестите против власта.
Comments are closed for this post.