Според канадскиот комитет за вакцини, се испитува стапката на случаи со нарушување на коагулацијата во Европа по употребата на вакцината на „Астра Зенека“, првенствено кај жени на возраст под 55 години
Националниот советодавен комитет за имунизација на Канада вчера препорача вакцината на „Астра Зенека“ против ковид-19 да не се користи кај лица под 55 години додека не се заврши испитувањето на ретки случаи на сериозни згрутчување на крвта по вакцинацијата, се вели во соопштението од Комитетот.
Ретките случаи на сериозни згрутчување на крвта, познати како протромботична имунолошка тромбоцитопенија предизвикана од вакцини, неодамна се пријавени во Европа по употребата на вакцината „Астра Зенека“, првенствено кај жени на возраст под 55 години.
Според канадскиот комитет за вакцини, стапката на оваа несакана реакција треба да се потврди и информациите се собираат за да се проверат.
Како мерка на претпазливост, додека се спроведува анализата на ризик наспроти корист заснована на нови податоци, комитетот препорачува вакцината да не им се дава на лица под 55 години.
Но, Комитетот смета дека процесот на вакцинација нема да претрпи забавување поради тоа што вакцината „Астра Зенека“ е застапена со само мал дел во контингентот вакцини против ковид-19 што се користат во Канада.
Канада и САД склучија договор според кој 1,5 милион дози на „Астра Зенека“ од Америка ќе бидат испорачани во Канада.
САД ја складираат вакцината „Астра Зенека“ сѐ додека не се добие овластување од Агенцијата за лекови, најверојатно следниот месец.
Канада пријави речиси 970 000 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 22 000 смртни случаи.
Comments are closed for this post.