Жените кои беа уапсени во јули, додека биле трудни под обвинение за трговија со луѓе, како сурогат мајки за кинески парови, се ослободени со кауција оваа недела откако ветија дека самите ќе ги одгледуваат децата.
Побаравме во судот 32 жени условно да ги ослободи и тие ќе бидат под надзор, рекла државната секретарка од Министерството за внатрешни работи на Камбоџа, Чоу Бун Енг.
Полицијата наведе дека на секоја жена и биле ветени 10 илјади долари по бебе за кинески клиенти.
Се уште не знаеме кои се тие луѓе кои ги сакале децата, рекла Енг за Ројтерс и додала дека мајките се приврзале со своите бебиња за време на бременоста и посакале да ги задржат.
Жените се откриени за време на полициска рација во два стана во престолнината Пном Пен во јуни.
Уште пет камбоџански и еден кинески државјанин, исто така, се обвинети за учество во сурогатски ланец.
Comments are closed for this post.